Условна казна добија денеска деветмината обвинети за насилството во Собранието на 27 април.
На сите обвинети им беше изречена условна казна од 6 месеци доколку не го повторат делото во рок од една и пол година, само на еден од обвинетите му е изречена условна казна од 1,6 години доколку во рок од 5 години не направи ново кривично дело.
Судот исто така го укина притворот на обвининетите на кои претходно им беше изречена таква мерка.