Умирала од рак, а потоа решила да уплати лото – тогаш целиот живот и се променил (ВИДЕО)

Dajen je bila prinuđena da, iako ima rak u četvrtom stadijumu, i dalje radi u svojoj prodavnici, jer joj državna pomoć nije bila dovoljna da pokrije sva dugovanja

Дајен Бишоп од Канада, која има рак на дојката, добила на лото 1,5 милиони долари. Меѓутоа, то не е најсреќната вест која и се случила на оваа жена.

Таа била принудена да работи во продавница за да ги покрива долговите, и покрај тоа што има рак од четврт степен.

Во октомври, после пишувањата на локалните медиуми, почнала да добива помош од други луѓе. Меѓутоа, неколку недели подоцна уплатила лото. Купила тикет и добила џек пот од 1,5 милиони долари, пишува “Cи-Би-Си”.

Бишоп ги искористила парите да ја отплати хипотеката, да си купи лекови и за терапевски помагала, а дел од парите ги зачувала за своите двајца синови.

Набрзо откако ги добила парите, следела уште една добра вест. Бишоп долго време се борела со ракот, а нејзиното тело не реагирало на хемотерапијата, но сега докторите рекле дека терапијата конечно почнала да делува.

 

Бишоп верува дека добивката и подобрувањето на нејзиното здравје ги заслужила преку молитва.

“Многу луѓе се молеа за мене. Ми испраќаа пораки, доаѓаа во продавницата и ми се јавуваа”, рекла таа.

Иако и понатаму е неизлечливо болна, таа е среќна и затоа што повеќе не мора да работи, се чувствува подобро, а има и повеќе време да поминува со семејството.

“Добив се што сакав. Можам да умрам среќна, но не сеуште”, додала таа.

Погледнете го видеото:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.