Градоначалникот Марјан Ристески зедно со Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп денеска направија увид на градежните работи на улицата „Егејска“.
„Во завршна фаза е тротоарот на делницата од улицата „Кузман Јосифоски“ па се до улицата на крстосницата „Ладо Лапецо“, во меѓувреме се завршија тротоарните површини на улиците во населбата Варош, на улицата „Браќа Миладиновци“ во населбата Точила како и улицата „Ладо Лапецо“, посочи Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп.
Интензивно ќе се работи на поставување на бекатон плочки и на наредниве улици.
„Продолжуваме со реализација и на други тротоарни површини како што е улицата „Александар Македонски“, улицата „Ѓорги Димитров“, „Димо Нареднико“, просторот кај зградите во населбата Бончејца и се разбира на повеќето фреквентни улици во градот по барање на жителите од урбаниве заедници“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Со поставувањето на бехатон плочки и средувањето на тротоарите на овие фреквентни сообраќајници значително ќе се олесни движењето на пешаците.