Утрово околу 04:00 часот, во Полициска станица Прилеп, В.Б. од Прилеп, пријавила дека во неутврден временски период, на улица „Борка Стеваноски“, непознат сторител со насилно кршење на влезната врата, влегол во нејзината куќа и извршил тешка кражба, одземајќи 16.000 австралиски долари.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.