Убиство ја потресе Македонија: Со автоматска пушка им пукал во глава

policija3-124334

Синоќе во 18 часот 50 минути во полициската станица во Кочани, 28- годишниот С.М од село Теранци, кој привремено живее во Кочани во куќа сопственост на С.В., пријавил дека непосредно пред јавувањето во куќата ги пронашол безживотните тела на С.Г (42) од Скопје и Ј.П. (25) од Пробиштип, која, исто така, живеела како потстанар во куќата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кочани. Од страна на лекар од Медицински центар Штип биле забележани прострелни рани во пределот на главите на телата на починатите.

Покрај телата била пронајдена автоматска пушка марка “Црвена Застава“ и неколку чаури од куршуми, кои заедно со другите пронајдени предмети, се подигнати и ќе бидат доставени за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител, телата се пренесени во Медицински центар Кочани каде ќе биде извршена обдукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.