Нов заплет во бруталното убиство на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, полициски извори велат дека нејзиниот свекор Владимир бил соучесник, го терал синот Зоран кој веќе е во притвор да го крие убиството и мртвата снаа ја фрлил во канал.
Владимир според истрагата учевствувал во криењето на трагите, чистењето на крвта. Тој најверојатно ја фрлил Јелена по убиството на насипот каде таа беше пронајдена.
Она што фрла сомнеж на него е тоа што му давал седативи на синот за да го помине полиграфот.