УХМР со вонредна временска најава

vremedozd

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево и малку потопло време, а кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност пред се во северните делови од земјата.

 

 Влажен бран со врнежи од дожд ќе започне да преминува преку земјата од недела претпладне. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и можна е и појава на град. Поголеми количества воден талог се очекуваат во планинските делови на северозапад и североисток. Со преминот на влажниот бран ќе дува повремено засилен северозападен ветернајизразен на северот од земјата и вдолж Повардарието каде што ќе достигнува брзина и над 65 км/час. Ова ќе услови ново намалување на дневната температура, во интервалод 5 до 7 степени.

 

Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период времето се очекува да е променливо, во попладневните делови од денот со појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.