Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.
Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда повторно ќе има врнежи, особено во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.