Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град. Се очекува на места за кратко време да наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Од утре до среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет, но сепак процесите ќе бидат нешто послаби.
Стабилизирање на времето ќе има од четврток кога ќе дува засилен северен ветер.