Управата за јавни приходи ќе изврши продажба на движни и недвижни предмети запленети по основ на неплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 26 јануари 2018 година.
На продажба се нудат дваесетина автомобили и комбиња, компјутери, телевизори, разни видови машини, земјоделско земјиште и деловни објекти.
Меѓудругите, УЈП нуди на продажба автомобил „Југо“ со почетна цена од 3.000 денари, автомобил „Форд“ со почетна цена од 6.000 денари, автомобил „Мерцедес“ со почетна цена од 107.000 денари. Детална листа на предметите за продажба ТУКА.