Трескавец масовно посетен на празникот Успение на Пресвета Богородица

1-IMG_0690

Стотици граѓани присуствуваа на вечерната богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица, или меѓу народот познат како Голема Богородица, која се одржа во манастирот Трескавец, во црквата која го носи името на Успението на Мајкaта Божја. На божествената литургија присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој и покрај загриженоста за случувањата со огнената стихија што постојано му се заканува на манастирот овие денови, беше среќен што многу прилепчани го посетија Трескавец и беа дел од божествената литургија.

1-IMG_0712
– Прилепчани на овој голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, масовно, пеш низ планинскиот предел, го посетуваат манастирот Трескавец зашто тоа е наша вековна традиција. Но, оваа година им препорачувам, поради пожарите и опасноста од нив, кои немилосрдно ја уништија прилепската околина, до манастирот Трескавец на овој убав христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, да доѓаат по асфалтниот пат, кој е побезбеден.

1-IMG_0719

Отецот Калист им посака добредојде на сите оние кои намериле да дојдат во дворот на Мајката Божја.

– Многу сум благодарен на Бога што живеам во еден манастир кој што е изграден со љубов на прилепчани кои покажуваат, пак, огромна љубов кон Мајката Божја и опстојуваат со векови со таа љубов. Покрај сите искушенија што ги поминавме со пожарите и се што ни се случи во последните недели поврзано, пак, со пожарите, гледам дека манастирот е полн со прилепчани кои не дозволуваат да бидат спречени да не дојдат тука на овој ден – рече отецот Калист по синоќешната богослужба посветена на Успението на Мајката Божја.

1-IMG_0745
По повод христијанскиот празник, Голема Богородица, односно, Успение на Пресвета Богородица градоначaлникот на Прилеп, Марјан Ристески, синоќа го посети и манастирот Св.Никола во населеното место Прилепец.

1-IMG_0749

1-IMG_0717




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.