Трагедија во притворот во Прилеп: Младо момче најдено обесено

Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник, објави ексклузивно порталот Досие.

Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28- годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво.

-Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна, пишува порталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.