Вчера во 13 часот и 35 минути на крстосницата од улица „Димко Нареднико“ и улица „Биди маж“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Лупо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот З.Д од Скопје и велосипед управуван од 53- годишен М.Ш од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Прилеп.