На патот Македонски Брод – Кичево вчера утрото се случило сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, пренесува порталот Прес24
Од полиција соопштиле дека околу 08 часот и 30 минути на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 49- годишниот С.З од Кичево, и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки управуван од 53- годишниот Р.Д од село Дебреште, прилепско.
По незгодата, С.З. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош), и поради сериозноста на истите е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.