Оригиналните запросувања се многу чести, неретко ги гледаме на концерти и слични манифестации, но секогаш не воодушевуваат и ни ја враќаат вербата во љубовта.
Токму такво нешто направи еден “тату мајстор” од Колорадо. Секако, тоа не можеше да помине без тетоважи, кои всушност ги споиле двајцата заљубени, бидејќи и девојката била негова колешка.
Вини Калпадо Смит ја замолил својата девојка да му ја истетовира ногата. Кога ги подигнал панталоните, таа занемела. На неговата нога било тетовирано прашањето : “Сакаш ли да се омажиш за мене”.