ТРОЈЦА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ИК НА ВМРО-ДПМНЕ: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изгласа тројца нови членови на Извршниот комитет на партијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница.

Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ова одлука била изгласана на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наредниот период Кржалоски ќе ја предводи младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС цели четири години.

За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.