ТРАМП ВО ШОК: Историски “испад” на Дачиќ на Генералното Собрание на ОН

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ е познат по неформалното однесување во средбите со странските дипломати, а неговиот “талент” за пеење и изведувањето на песната “Миљацка”, заради опуштање на атмосферата, веќе влезе во легендите.

Дачиќ вчера присуствуваше на состанокот за реформи во ООН во Њујорк, а според официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Србија, таму разговарал и со американскиот претседател Доналд Трамп.

За сега не е познато за што разговарал Дачиќ со Трамп, но на фотографиите од состанокот се гледа како тој му упадна на Трамп и нешто му говори на уво, додека амбасадорката на САД во ООН Ники Хејли се смее.

И така Ивица Дачиќ го претекна претседателот на Србија Вучиќ, па прв се слика со Трамп, а судејќи по насмевката на Ники Хејли, можеби му ја запеал и Миљацка, кој знае?

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.