По долга борба со карциномот, почина познатата босанска пејачка Дона Арес на 40 годишна возраст.
Азра Колаковиќ, попозната како Дона Арес, три пати правеше операција, се лечеше во странство и никогаш не се откажуваше.
Во 2014 година дијагностициран и е рак на грлото на матката.
– Иако болеста ме успорува во работата, се однесувам како да сум најздрава и покрај сите проблеми, тоа е она што ме одржува – изјави Дона Арес кога ракот и се врати по трет пат, во почетокот на 2017 година.
Иако беше храбра и со својата упорност ги импресионираше сите, Дона не успеа да се избори до крај.