ТОЈ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЧОВЕК КОЈ НЕ ГО ПОЗДРАВИЛ ХИТЛЕР: Што мислите, како заврши оваа приказна ?!

Нацистичкиот поздрав станал задолжителен за Германците, откако во 1930 година го усвоила Националсоцијалистичката германска работничка партија предводена од Хитлер.

Познатата фотографија создадена во 1936 година за време на заминувањето на обука на германската морнарица, сведочи за страшната судбина на еден човек во времето на Втората светска војна.

Август Ландмесер е единствениот со спуштени раце во морето на Нацистите, а и самиот е дел од нив. Но сепак, единствениот разочаран.

Имено, Ландмесер бил лојален член на партијата од 1931 до 1935 година. Еврејката Ирма Еклер во 1933 година го украла неговото срце, па тој ја запросил две години покасно. Поради прогласувањето на веридба со Ирма, тој е отпишан од партијата, а документацијата приложена за склучување на брак била одбиена.

Своето прво дете со Ирма им било вонбрачно.

На 13 јуни 1936 година е создадена фотографијата која до ден денес се споделува низ светот како симбол за отпор против злото на власта.

Имено, Ландмесер одлучил да ја напушти Германија во 1937 година, но бил задржан на граница и обвинет за наштетување на честа на Германија. По една година тој бил ослободен поради недостаток на докази, но со совет да ја напушти сопругата Ирма.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.