“ТВ 24”: СДСМ и ДУИ во среда или четврток ќе изгласаат двојазичност без амандманска расправа

Мнозинството ќе го испочитува рокот на собранискиот претседател Талат Џафери за Законот за јазиците и доколку нема договор за него со опозицијата, ќе го гласа онака како што Џафери ќе го предложи, макар и без амандманска расправа, брифираат за ТВ 24 партиски извори од СДСМ.

Се амнестираат дека одлуката за отфрлањето на амандманите ќе биде на собранискиот спикер и дека Џафери е единствен надлежен за тоа.

Велат викендов и евентуално во понеделник се очекува уште еден последен обид за наоѓање решение со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Не прецизираат кое би било решението, но велат најелегантно за сите би било доколку опозиционерите не дојдат на седницата. Официјално не сакаат да коментираат, велат остануваат на ставот дека се дава шанса за политичкиот дијалог.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.