Студентки запалиле стан откако готвеле шпагети без вода

Три американски студентки, кои се наоѓаат на размена на студенти во Фиренца, научиле на потежок начин, никогаш да не подготвуваат шпагети без вода.

Италијанскиот весник „Ла национе“ пишува дека 20 годишните девојке донеле дома шпагети купени од супермаркет, ги ставиле во тавчето без вода и ја запалиле ринглата.

Меѓутоа, наместо вкусен ручек, тавчето наскоро се запалило и предизвикало пожар.

Студентките веднаш повикале пожарникари, кои успешно го угасиле пожарот.

За среќа, во пожарот никој не настрадал, освен неколку кујнски елементи.

Девојките на сослушувањето во полицијата изјавиле дека навистина не знаеле дека за готвењето шпагети потребно е да се додаде вода.

Следувале многу шеговити коментари на нивна сметка на социјалните мрежи, но и покрај тоа оваа приказна има среќен крај.

Познатиот фирентински готвач Пабло Пици им понуди на студентките бесплатен четиричасовен курс по готвење.

Откако совладале некои од основите, девојките биле повикани на ручек во неговиот ресторан „Cibreo”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.