Во недела се очекуваат повеќе врнежи попладне, особено во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.
Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.