Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила вчера околу 20 часот и 30 минути на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп, на раскрсницата во близина на железничката станица.
Од полицијата информираат дека непознато лице со автомобил удрило во пешакот М.Ј. од Прилеп, по што избегало, а 39-годишниот пешак починал за жал на лице место.
На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.