Пратениците најавуваат борба против црниот договор со Бугарија. Пратеникот Димитар Стевананџија, вели дека истиот ќе се преиспита кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт.
-Јас како народен пратеник ќе се борам договорот со Бугарија да се преиспита од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа ќе дојде многу побрзо согласно сите проценки, не повеќе од 18 месеци од денешниот ден, црн во историјата на Македонија.
Но за тоа, потребен ни е народот, да не поддржи, уште помасовно, за да ја сочуваме државата, напиша Стевананџија на својот Фејсбук профил.