Предраг Томиќ – работодавец каков секој би посакал!
Од добрата воља на работодавачите зависи колкава додатна помош некој ќе добие доколку добие принова во домот.
Дека некои имаат навистина многу добра воља и човечност потврдува примерот од една фирма во Белград, која на секој вработен му поклонува по 1000 евра за родено дете.
Во случај некој да добие близнаци или тројка, сумата би била двојна или тројна.
“Во летото 2017 година се родија Неда, Мила и Искра, после 5 години чекање. На денот на тројното славање, уште едно изненадување. Работодавецот вети дека ќе не награди парично и дека ќе ни помогне да ги пораснеме. Цифрата беше по 1000 евра за дете, односно 3000 евра”, вели Мирослав Дрчелиќ вработен во компанијата.
“Од првиот момент не бевме свесни колку ќе значи тоа, а потоа се’ се вклопи. Започна со храна до гардероба и сите пропратни трошоци”, додала мајката Наташа Дрчелиќ.
“Ние сакаме да ги мотивираме работниците, затоа што оваа компанија размислува на долги патеки. Сака да ги задржи своите луѓе што подолго и заедно да успееме на овој пазар”, рекол Предраг Томиќ, сопственик на компанијата “Србауто”.