Средното општинско-економско-правно училиште “Кузман Јосифоски – Питу” има потреба од еден Професор за настава по економски предмети и три лица за работна позиција Хигиеничар на станбен и деловен простор.
Според огласот кој е објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 05.03.2018 година.
За работната позиција Професор по економски предмети предвидена е плата од 21,154 денари.
За работната позиција Хигиеничар на станбен и деловен простор предвидена е плата од 12.000 денари.