Иако беа големи фудбалски мајстори, тогашните ѕвезди на Барселона имале многу лоши навики, кои на своја кожа ги почувствувал српскиот фудбалер Бојан Кркиќ.
Екс потпретседателот на Барселона, Алфонс Годал, кој таа функција за извршувал од 2003 до 2010 година во ерата на Џоан Лапорте, дал шокантно интервју за каталонското радио “Ла Сотана”, каде открива некои неверојатни детали за тогашните ѕвезди на тимот Роналдињо и Деко.
Нее тајна дека Роналдињо бил љубител на журките, а Годал открива дека бразилскиот магионичар во Барса имал свој клан, во кој покрај него биле и Деко, Тијаго Мота и Макси Лопез.
Тие според зборовите на вториот екс човек во клубот биле познати како клан “кајпириња” (бразилски национален коктел) и често организирале журки на кои се опивале, “се дружеле” со припаднички на понежниот пол, но имале и лоша навика да малтретираат дел од помладите играчи.
Најмногу од сето тоа страдал Бојан Кркиќ, кој во тоа време важеше за еден од најголемите таленти на Барселона. Српскиот фудбалер, чија мајка е Шпајнолка, често бил предмет на потсмев и малтретирање од страна на Роналдињо, Деко, Лопез и Мота.
А.Г.