Список на болести кои се лекуваат со ракија

Со оглед на големиот процент на алкохол во ракијата, со нејзината консумација сепак треба да се биде внимателен, но мала количина ракија брзо ќе излечи одредени здравствени проблеми.

Болка во желудник- доколку сте јаделе тешка храна која ви предизвикува болка во желудникот, прст-два од лозова ракија веднаш ќе ја смири болката.

Забоболка- голтка ракија држете ја десетина секунди на болниот заб и тоа повторете го неколку пати, ќе помогне во намалување на забоболката.

Болки во грлото- ако имате болки во грлото тогаш тоа е предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото.

Болки во грбот- малку ракија лесно втријте ја на болниот и вкочанет грб и болката и вкочанетоста ќе исчезнат.

Вкочанет врат- исто како и кај грбот, вкочанетиот врат исто така може да се санира на ист начин.

Лоша циркилација- нашите баби и дедовци често по будењето конзумирале ракија за подобра циркулација на крвта во организмот во текот на денот.

Уролошки проблем- ракија со магдонос е сјаен сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.