Претставници од спелеолошки клуб „ЗЛАТОВРВ“ денска ја посетија општина Прилеп и остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Целта на средбата беше настанот кој ќе се случи виќендов „Mariovo off road experience“ на кој спелеолошки клуб „ЗЛАТОВРВ“ ќе учествува со своја активност.
„Спелеолошки клуб „ЗЛАТОВРВ“ на овој настан ќе учествува за прв пат со посета на Мелничка пештера се со цел, промоција на нашиот клуб, а учесниците ќе имаат можност да се запознаат со тоа како се истражува една пештера и да се запознаат со едно необично доживување“, посочи Марјан Темоски член на Златоврв.
Дарко Неданоски е веќе докажан македонски спелеолог, со активно учество во повеќе спелеолошки истражувања во Македонија и странство, како и учество на повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави. Според Дарко Неданоски, адреналинот расте и чуствито е прекрасно кога се наоѓаш некаде далеку во длабочините на пештерите. Дарко го посочи примерот за експедицијата која опфати спелеолошки истражувања на доста тежок терен на Велебит Планина во Хрватска.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека соработката со спелеолошки клуб „ЗЛАТОВРВ“ секогаш е на завидно ниво и ги покани сите кои сакаат да доживеат едно поинакво искуство да повелат во сабота на настанот „Mariovo off road experience“ и да ја посетат една од најголемите пештери на територијата на Прилеп.