Извршниот директор на компанијата “Фејсбук” Марк Закерберг изјавил дека е сигурен “дека некој се обидува да влијае” на ноемвриските избори за Претставничкиот дом на Конгресот на САД и Сенатот.
“Сугурен сум дека некој се обидува. Сигурен сум дека оваа е втора верзија од она што го правеа Русите во 2016 година. Сигурен сум дека некој работи на тоа”, рекол Закерберг.
Тој додал дека Фејсбук оваа година планира да го зголеми бројот на луѓе до 20.000 задолжени за безбедноста во компанијата.
“Она што се обидуваме да го направиме е да испратиме човек од Фејсбук со најмногу знаење (пред Конгресот). Доколку тоа сум јас, би бил среќен да отидам”, рекол Закерберг.
Извршниот директор на Фејсбук вели дека научил од своите грешки и дека ќе се обиде тоа да го прошири во својата компанија и заедницата.
Закерберг вчера се огласи, после неколку дена молчење, и ги призна грешките, најавувајќи подобра заштита на податоците од корисниците после скандалот со испарувањето на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека компанијата има одговорност да ги заштити податоците на корисниците, додавајчи дека доколку не можат тоа да го направат, не заслужуваат да ни бидат на услуга.
Компанијата изгуби 37 милијарди долари после скандалот.
Тоа ги исплаши инвеститорите, па вредноста на акциит од Фејсбук падна за околу 7%.