Сопственик на позната фирма од Прилеп со помош на уште двајца затајувале данок и фалсификувале документи

Денеска во соопштение полицијата извести дека, надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“ ДООЕЛ село Пашино  Рувци, Кривогаштани и 31- годишниот К.П од село Пашино Рувци за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување  деловни книги“, и против 30- годишниот Б.М од Прилеп за сторени кривични дела  „Помагање“ во врска со „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување  деловни книги“,и против 30- годишниот  Д.Ј од Прилеп за сторено кривично дело  „Помагање“ во врска со „Даночно затајување“, објави порталот Прес24

Од МВР велат дека првопријавениот, како сопственик и управител на правниот субјект ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“ ДООЕЛ село Пашино  Рувци, во текот на 2013 година, за да не ја прикажи вистинската финансиска состојба за 2013 година, во договор со второ и третопријавениот, без економска оправданост,  од сметката на ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“, извршил исплата на 790.000 денари на сметката на ,,АТОМ ДК“ ДООЕЛ Прилеп, чијшто сопственик е второпријавениот, и 300.000 денари на трансакциска сметка  на третопријавениот.

Потоа второпријавениот  паричните средства, што ги префрлил првопријавениот, по  претходен договор, без никаква економска оправданост ги префрлил на трансакциската сметка на третопријавениот.

Третопријавениот, пак, целокупно префрлените парични средства, од прво и третопријавениот  ги подигнал од банка, и му ги вратил на првопријавениот, по што првопријавениот изготвил и поднел завршна сметка за 2013 година, во којашто внел невистинити податоци за реалната добивка,   и на таков начин одбегнал да плати данок , по разни основи,  со што  го оштетил буџетот на Р.Македонија за 230.099 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.