Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денови кога Прилеп е преполн со луѓе и со возила, не работат семафорите во градот.
На раскрсницата кај мостот “Taбана” која е една од најпрометните во градот и каде и да не постои период од денот кога не поминуваат голем број возила, се случуваше вистински хаос.
Возила и пешаци на сите страни, а општинските власти ги боли уво дека сето тоа е ризично по животот и безбедноста на граѓаните.