Уште едно во низата видеа од македонските патриотски прослави во Егејска Македонија кое е за секоја пофалба.
Maкедонците од Културното уметничко друштво “Македонците” од Црно Мариново во општината Негуш и Македонците од Науса, знаат како да ги истакнат и негуваат својата култура, традиција, песна и оро, и сето тоа пред сонцето од Кутлеш.
Додека ние тука се двоумиме и се криеме, нашинците во Егејска Македонија се повеќе се охрабруваат и под уште потешки услови го прават тоа што го прават – успеваат да го одржат македонскиот дух и македонската посебност.