Солзите на вардаровите ЛАВИЦИ кои ја болат цела Македонија (ВИДЕО)

Ѕвездениот тим на Вардар вчера го одигра последниот натпревар пред македонската публика во “Јане Сандански”.

Вардарки петта година со ред се пласираа на фајнл-фор турнирот, нешто што не му успеало на никого досега.

Она што остави силен впечаток на крајот од вчерашниот дуел со Митијланд беа солзите на вардаровите лавици, кои едноставно бликнаа на нивните лица поради разделбата со домашната публика.

Наредната година Вардар ќе го крепат домашни ракометарки, а идејата е од нив да се искалемат идни репрезентативки.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.