Синоќа, на камената сцена на плоштадот Александрија во Прилеп со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“ беше отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“Уметничкиот перформанс преставуваше ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на XIX-от и почетокотна XX –от век, претавјувајќи ја и статусната улога на жената преку песни и обичаи.Перформансот го проследи и градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, која ја истакна важноста на овој фестивал кој се одиржува по 43 –ти пат,на Рудина во Долнени
– Традиционално, секоја година, фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ го збогатува културното лето во Прилеп. Пеце Атанасоски е големо име кое навистина остави историски впечаток во промоцијата на македонскиот фолклор во светот и во негова чест е токму овој фестивал, а Прилеп во негова чест,пак, постави споменик со неговиот лик во центарот на градот. Фестивалот „Пеце Атанасовски“ ја збогатува туристичката карта на Прилеп и потврдува дека градот под Марковите кули е центар на фестивалските случувања – рече Ристески
– После 42 години фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ,конечно оваа година ја доби потребната сцена,современа бина и амфитеатар, кој беше направен оваа година со помош на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, така да сите љубители на народниот фолклор и песна овие два дена можат да уживаат во звуците на гајдата.,тапанот .зурлата и кавалот на летната нова сцена на Рудина – рече градоначалникот на Општина Долнени, Боше Милошески
Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржува под покровителство на Министерството за култура, со поддршка на општините Прилеп и Долнени. На него учествуваат 350 учесници од земјава и странство кои го презентираат богатиот изворен мелос.