Со години слушале чудни звуци на таванот, а не претпоставиле дека таму расте вистински ѕвер (ВИДЕО)

Мислеле дека се работи за провев или за глушец

zmija-u-zidu-620x350

Неколку години семејството на  Боб ван дер Херхен од Флорида слушале најобични звуци од таванот на својата куќа, но не се решиле со тој проблем посериозно да се позаминаваат.

Секогаш кога синот или жената ќе му се пожалеле дека повторно ги слушнале звуците, Боб на тоа не му давал многу значење, туку сметал дека се работи за ветер или глувци. Меѓутоа, еден деен конечно отишол да провери што се случува на таванот, и имал што да види.

На таванот пронашол двометарска змија, која веќе имала свое гнездо.

Веднаш повикале служба за фаќање на рептили, а службеникот кој ја фатил змијата забележал и стара змиска кожа, поради што утврдил дека змијата таму живеела две до четири години, пренесува “Фокс њјус”

Ф/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.