“Смешно! Сите ги згрешиле трасите и Кинезите и Шпанците и Австријците!?”

 

20170702182706

Фото: www.mtc.gov.mk

Доаѓањето на новата влада предводена од СДСМ ги сопре активностите околу изградбата на најголемите инфраструктурни зафати во државата, а тоа се автопатите Кичево – Охрид, Штип – Скопје и експресниот пат Прилеп – Градско.

Со образложенија дека се работи за погрешна траса која ја избрале изведувачите и дека се направени низа “катастрофални” грешки, новата Влада и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ја сопреа изградбата на овие големи и од огромно значење за граѓаните проекти, кои покрај важноста која ја имаат како инфраструктурни објекти, значеа и егзистенција и вработување за голем број луѓе.

Минатата недела Сугарески беше во посета на автопатот Кичево – Охрид  и без да каже нешто конкретно, без доказ ја обвини претходната влада дека направила дополнителни, непотребни трошоци.

И тоа не е се’! Ако тогаш ги обвини Кинезите, денес министерот ги обвини и Шпанците, кои го градеа експресниот пат Прилеп-Градско, пат што ќе ги олеснеше маките на прилепчани и ќе го поврзеше Прилеп со безбеден и ултра модерен пат. Сепак, Сугарески и новата влада решија  тоа задоволство да им го ускратат на граѓаните на Прилеп, кои патем се негови сограѓани.

Ваквите бомбастични изјави без докази нема да ги изградат автопатите, каде до пред еден месец одлично се пробиваше трасата и се градеше со забрзано темпо.

Граѓаните ги интересира, што се крие зад ваквите постапки на новата влада?!

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.