Нови докази за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ испливаа во јавноста. На нејзиното тело форензичарите пронашле нови траги од ДНК, со што сега случајот повеќе се заплеткува.
Јелена која беше пронајдена мртва со смачкана глава на насипот кај Борча во Црвенка, имала на себе траги и од друга крв освен на Зоран кој е единствениот осомничен, па сега се смета дека во убиството се поврзани тројца мажи.
Едната крв припаѓа на Зоран кој е во притвор, другата на веќе идентификуван маж и третата на засега непознато лице.
Полицијата сеуште работи на случајот за убиството кое го потресе Балканот.