Следен неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е 8 Септември (петок), Ден на независноста. 8 Септември се паѓа во петок, што значи дека ќе имаме уште еден продолжен викенд.
Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови до крајот на 2017 година:
За сите граѓани на РМ
8 Септември (петок), Ден на независноста
11 Октомври (среда), Ден на народното востание
23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.