Ураганот “Ирма” почнува да ја зафаќа Флорида и се движи со 20 км на час.
Пустош, урнати домови, поплавени улици, изгубени човечки животи, милионски материјални штети, цели острови под вода. Ураганот Ирма коси се пред себе. Ирма остави катаклизмични слики и 21 жртва откако ги погоди Куба и Бахамите, како и источниот дел на Карипскиот регион.
Исто така целото население на Барбуда, малиот карипски остров кој беше збришан од ураганот Ирма, беше евакуирано.
Премиерот на Барбуда и Антигва, Гастон Брауни, изјави дека во 95% од објектите на островот веќе не може да се живее.