Медиумите секојдневно известуваат за намалената безбедност во главниот град. Ограбувањата станаа секојдневие, а страшно е што ваквите дела се случуваат и дење и ноќе, и тоа на прометни места.
Од информацијата и видео снимките од безбедносните камери кои беа испратени до нас, вчера вечерта ограбен е прилепски бутик на улицата “Македонија”.
На снимката од камерите се гледа дека разбојникот бил вооружан, облечен во капут и добро маскиран.
Тој влегува во бутикот и се упатува кон касата каде стојат две девојки. Ги зема парите и се упатува кон излезот.