Скандалозно тврдење на новинарот Златев !?

18902120_10211298254043784_527319255_n

“Цело утро атентаторот го чекал Тодоров пред Министерството за здравство заедно со двајца членови на раководството на О.О СДСМ Велес. За ова ме информираа луѓе кои работат во министерството, а ги препознале. Потоа, атентаторот заедно со двајцата потпомагачи се упатил кон домот на Тодоров, но таму не го нашол по што се вратил пред министерството каде пукал во него во 12:00.
Имено, човекот кој пукаше е дедо на малата Тамара, која почина поради неажурноста на Комисијата која требаше да ја прати на лекување во странство, но и поради негрижата на нејзината мајка која година ипол не ја однела на лекар па кутрото мало девојче почина од запаление.
Неофицијално, двајцата потпомагачи неколку дена го наведувале старецот да го стори делото. А пиштолот е сопственост, со дозвола со име и презиме, на еден од нив инаку функционер на СДСМ Велес”, ова денес на својот Фејсбук профил го напиша новинарот Лупчо Златев.

Тоа што е важно да се потенцира во оваа ситуација е тоа дека во кривичниот законик како кривично дело е регулирано и помагањето во извршување на кривично дело.

Имено, во Член 24 на Кривичен законик пишува :

(1)Тој што на друг со умисла ќе му помогне во извршување на кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот, а може да се казни и поблаго.

(2)Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на сторителот за извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на кривичното дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.