Атрактивната Бразилка неодамна беше фотографирана на плажата во сончевиот Мајами, и не само присутните, туку и целата планета, уживаа во нејзиното неверојатно тело – со оглед на тоа дека овие фотографии завршија во многу медиуми.
27- годишната Лаис Рибеиро, не ни сонувала дека ќе стане манекенка на Викторија Сикрет, бидејќи кога стигнала во Америка на 18 години, не знаела ниту еден збор на англиски, а за брендот Викторија Сикрет немала слушнато, се до денот кога нејзината пријателка не ја натерала да си ја испроба среќата како модел, а тогаш почнал да и се остварува и животниот сон.
Таа на 18 години веќе имала и син по име Александар, но денес е една од најпознатите манекенки во светот.