Мистериозната бела хартиена кесичка која му падна од џебот на новиот словачки премиер Петер Пелегрини на конференцијата за новинари наведе многумина Словаци да нагаѓаат дека тој во џебот носел кокаин, но сензацијата се прекина вечерта, кога тој покажа што е всушност пакетчето.
На социјалните мрежи се прошири инсерт од снимката од една конференција за новинари одржана оваа седмица на која Пелегрини го вади телефонот, а од џебот му паѓа таинстено бело пакетче, што го забележува и потпретседателот на парламентот Бела Бугар кој седи покрај него, а и самиот премиер брзо го враќа во џебот.
Премиерот, меѓутоа веднаш во авионот по враќањето од самитот во Брисел сними видео порака и на загржените Словаци кои мислеле дека сега наместо Роберт Фицо добиле наркоман на чело на владата, им покажа неколку такви бели кесички и отвори една покажувајчи дека во неа има обична чепкалка за заби.