Сите зборуваат за неговата реакција: Хрват му дофрлувал на Вучиќ на улица, па тој возвратил

Српскиот претседател Александар Вуќиќ вчера беше во посета на Хрватска каде оствари средби со државниот врв.

Чекориејќи по улица тој доживеал непријатна случка, кога човек од позадина му дофрлувал прашања провоцирајќи го претседателот.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Миро Буљ човекот кој дофрлувал, алудирал на говорот на Вучиќ од 1995 година и го „повикал да им се извини на Србите и Хрваттите“.

Претседателот сепак возвратил.

-Можам да ви одговорам каде сакате и што сакате. Зарем мислите дека ќе ме исплашите со вашите дофрлања? – рекол Вучиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.