Симона Туфегџиќ, една од играорките на Суперкупот со силна порака до плукачите по македонската традиција!

По повод негативните коментари, навреди и омаловажување на сопствената култура и традиција презентирана преку играорците на отварањето на Суперкупот, на својот ФБ профил реакција напиша и Симона Туфегџиќ, една од учесничките на играорните групи кои го отворија спектакуларниот настан.

BeFunky Collage

“До сега се изначитав и изнаслушав еден куп негативни коментари во врска отварањето на UEFA Super Cup. Било сељачки, не доликувало, не знам што.

Сега ,,градски фраери”, ИГРАОРЕЦ да ви каже два-три збора. Додека вие на 40+ степени сте седеле затворени дома под клима, тие коишто не нарекувавте сељаци ГИНЕВМЕ на проби кои почнуваа во 12 попладне. И вредело, за овациите кои одекнаа од градскиот стадион за мојата и уште три не помалку одлични групи, вредело. Се крена цел стадион на нозе, еј. Целиот свет пред малите екрани и во живо го слушна и се наежи од македонскиот грмеж на тапаните.
И не само ова лето, и сите други претходни лета во кои сме ги подготвувале нашите патувања, сѐ со една единствена цел – да ја претставиме нашата земја пред светот со сите нејзини убавини, најдобро што можеме. Зимно време, додека вие, ,,градски фраери”, си триете раце над каминот дома, ние во ладна сала по кратки ракави и хеланчиња ја спремаме нашата новогодишна програма. Зошто? За да го зачуваме она што ни го оставиле нашите баби и дедовци во наследство.

А вие кажете ми, до кога странците ќе ни држат лекции како да се восхитуваме на она што е НАШЕ? Сѐ додека немаме чувство и култура за негување на нашиот фолклор и традиција ќе си останеме НАЦИЈА ЗА НИГДЕ.
И вие после мене ќе сте ми глумеле патриоти. МРШ!”, пишува Симона на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.