Јусејн Болт гласно против допингот
Освои се што можеше да се освои, на 100 метри, на 200 метри, најдобар на сите времиња. Едноставно, Јусејн Болт.
Заслужена пензија го чека после завршувањето на Светското првенство во Лондон, одкаде испрати порака до своите колеги.
- “Се надевам дека спортистите сфаќаат што се случува и дека ако не престанат со допингот, спортот ќе умре”, порача Болт и додаде:
- “Спортот поминува низ една криза и ако младите спортисти не се однесуваат како што од нив се очекува, нема да му помогне во неговото хитно заздравување.
Сепак, Јамајканецот смета дека нештата одат во вистинска насока.
-“Допингот е најголемото зло, но последните години направивме вистинска работа, спортот е далеку почист, затоа што многу спортисти беа фатени на допинг тестовите”.
Ф/Г/