Силвио Берлускони е еден од потенцијалните купувачи на Џенова, клуб кој е на продажба.
Оваа информација ја откри личниот лекар на поранешниот премиер на Италија, Алберто Зангриљо.
Енрико Прециози сака да го продаде клубот, се чекаат сериозни купувачи, се зборува дека би можеле да го купат и Кинези, но доколку Берлускони одлучи да ја купи Џенова, тоа би било шок во Серија А.
“Сите би сакале да видиме богати Кинези, но прашање е колку е тоа реално. Разговарам со Берлускони, гледам дека е заинтересиран, кој знае, можеби ќе стане и сопственик на клубот”, изјавил лекарот.
Ф.Г.