Се наѕира новиот лик на паркот во населбата “Ѓогдере”: Ќе биде еден од најубавите во Прилеп (ФОТО)

Зелената оаза во центарот на населбата “Ѓогдере” полека го добива својот нов лик. Жителите за многу скоро ќе добијат ново прекрасно место за одмор, рекреација и катче за нивните најмили.

Според фотографиите ова ќе биде еден од најубавите паркови во Прилеп и сигурно ќе го посетуваат луѓе од сите страни на градот.

Инаку паркот ќе се простира на површина од околу 3.000 м2, а инвестицијата изнесува 2 милиони денари. Парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Жителите на „Ѓогдере“ се презадоволни од оваа најнова инвестиција на Општина Прилеп, која се прави по нивно барање.

Паркот ќе има детски играчки, летниковци, пешачки патеки и друга урбана опрема, а особено убаво ќе биде езерцето кое е сместено во самата средина на ова преубаво место.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.