Се зголемува листата на незадоволни во редовите на СДСМ, Мери Николова бара вработување за сработеното во кампањата

Огромните ветувања на СДСМ во предизборието ги кренаа очекувањата кај гласачите на највисоко ниво, а пропорционално со тоа беше и разочарувањето.

Сепак очекувањата кај неопределените не беа ни приближно големи како оние кај долгогодишните членови на СДСМ, а уште поголемо беше разочарувањето кое тие го доживеаа.

Овие членови покрај ветените реформи, плата од петстотини евра, целосно бесплатно здравство итн. очекуваа и вработувања за себе и своите најблиски.

Сепак ветувањето за добивање работа кај голем дел од нив не се оствари, а меѓу незадоволните има и поранешни високи функционери на СДСМ. Таков е случајот и со Мери Николова која бара вработување поради сработеното во кампањата и нејзините заслуги.

Имено на нејзиниот Фејсбук профил Николова директно го прозива Александар Кирацовски новиот генерален секретар на СДСМ и јавно му бара работа.

-Кога требаше да се работи на терен општинската не преплавуваше со пораки за работа, за протести, за донирање во хуманитарни цели. Сега би сакала да ги прашам:”Кога ќе праќате пораки тие што ви работеа на терен да им понудите работа”? Немате срам? Епа и ние немаме, ќе зборуваме реално и отворено зошто демократијата не бира прашања а вие еден ден ќе зажалите за грешките, мора да ја сносите одговорноста. Александар Кирац кога ќе добиеме одговор? Што е тоа што ние не сработивме повеќе од вас и трошевме сопствени средства? Ќе те прозивам секој ден додека не одговориш а можеш и да ми се јавиш го имаш мојот број, пишува Николова на Фејсбук.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.